Довчерашниот играч и капитен на Чаир, Фатјон Реџа е нов играч на Работнички откако денеска потпиша едногодишен договор со 15-кратниот шампион на Македонија.
Станува збор за 25-годишен крилен играч кој последните четири години ги помина во Чаир, но има одлични карактеристики и добар преглед на играта. Последната сезона одигра 24 натпревари во македонската кошаркарска лига со просек од 12,3 поени, 6,7 скока и 2,7 асистенции.
Со трансферот на Реџа официјално почнува изградбата на ростерот на Работнички за новата сезона. Најголем дел од новите играчи ќе се знаат по 1 јули бидејќи се очекува Собранието на клубот, одредувањето на буџетот, како и целите за новата сезона.


