До пред околу две децении, младинската школа на Работнички беше убедливо број 1 во Македонија и од неа излегоа голем број кошаркари кои направија врвна кариера.
Во 90. години, повеќе од половина сениорска репрезентација сочинуваа играчи кои излегоа од оваа школа, благодарение на одличната работа на Митко Луковски, Драган Василов Цевка, Марин Докузовски итн. Со падот на резултатите на сениорскиот тим и школата отиде во втор план, па се помалку играчи излегуваа оттаму, дури и се закануваше нејзин целосен колапс и покрај тоа што имаше добри генерации како онаа 2005, предводена од Шошкиќ, Бошалески, Саити, Србиновски итн. кои играа и во вториот тим и доминираа во У18 лигата.

Раководството на Работнички има намера да ги врати славните денови на школата и тоа почнувајќи од претстојната сезона. Веќе е почнат упис на млади кошаркари, на деца од 6 до 12 години со кои ќе работат дури шестмина тренери, лиценцирани и со големо искуство.
Младите кошаркари ќе тренираат во сите основни училишта низ Општина Центар, а уписите се вршат на телефонските броеви 075842506 и 075394369.
ПР ТЕКСТ


