Екипата на Башкими е најпријатното изненадување во новата сезоната од косовското првенство и по пет одиграни кола се наоѓа на првата позиција на табелата.
Тимот предводен од македонскиот стручњак Дарко Радуловиќ денеска какао гостин го совлада актуелниот вицешампион и првак од 2021 и 2022 година Ули со 77-66 за продолжување на победничката серија од почетокот на шампионатот. Башкими во моментов е единствен со максимален ефект, а пред Ули, го совлада и бранителот на титулата Трепча, како и Велазними, Призрен и Бора.
Најефикасен на денешниот натпревар беше поранешниот играч на Академија ФМП и Еуро Никел, Мак Смит, а македонскиот репрезентативец Лејсон Зеќири го заврши мечот со четири поени.


