Македонскиот стручњак Дарко Радуловиќ со убедлив триумф ја стартуваше новата сезона во косовското првенство откако неговиот Башкими на домашен терен го совлада Велазними со 72-51.
Ова беше меч од второто коло, но за Башкими беше прв во новиот шампионат бидејќи минатата недела не играше. Најинтересно од овој натпревар беше тоа што Велазними во втората и третата четвртина постигна вкупно 10 поени (3 во втората, 7 во третата), па Башкими по 30 минути игра имаше огромни +29.
Најдобар играч на мечот беше поранешниот член на Академија ФМП и Еуро Никел, Мак Смит кој постигна 12 поени, а за Башкими настапија уште македонскиот репрезентативец Лејсон Зеќири (4 поени, 4 скока, 3 асистенции) и некогашниот играч на Еуро Никел, МЗТ Скопје и Работнички – Роберт Рикиќ (5 поени, 6 скока).


