Македонскиот кошаркарски стратег Дарко Радуловиќ има нов предизвик во кариерата. Неколку часа откако ја прекина соработката со Старогард Гдањски, 46-годишниот стручњак е назначен за нов шеф на стручниот штаб на Жешув, клуб кој исто така се натпреварува во втората лига на Полска.
Радуловиќ потпиша договор до крајот на сезоната 2026/2027, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Нашиот стручњак зад себе има богато тренерско искуство, а во досегашната кариера работеше во неколку клубови, меѓу кои и во македонскиот МЗТ Скопје со кого освои титула во домашното првенство, како и во унгарскиот Хибнер Њиреѓихаза, кој настапува во најсилната тамошна лига.
Во текот на сезоната 2024/2025, македонскиот стручњак ја презеде екипата на Старогард Гдањски. Со овој тим имаше одлични резултати во минатата сезона, завршувајќи го првенството на четвртото место со биланс од 21 победа и 11 порази.
Интересно е тоа што следен противник на Жешув е токму досегашниот тим на Радуловиќ, Старогард Гдањски, мечот се игра в сабота, но македонскиот стручњак нема да може да ја води новата екипа на овој дуел.


