Трофејниот македонски стручњак Дарко Радуловиќ бележи одличен старт на новата сезона со својот тим Старогард Гдањски.
По четири кола во полската Втора лига, оваа екипа има максимален ефект и со осум бода се наоѓа на делба на челната позиција на табелата, заедно со Бидгошч. Попладнево Старогард Гдањски го совлада Тихи кој до ова коло исто така беше непоразен.
Екипата на Радуловиќ славеше со 90-76, пред се благодарение на одличното второ полувреме кое го доби со 50-25 со што направи огромен пресврт откако првите 20 минути му припаднаа на гостинот со 51-40.
Радуловиќ е тренер на Старогард Гдањски од февруари годинава, минатата сезона не успеа да се пласира во плејофот, но оваа очигледно направил добра екипа која ќе се бори за пласман во полската елита. Во својот состав го има и поранешниот кошаркар на скопски Феникс, Демонте Бакингем.


