Екипата на Старогард Гдањски, предводена од македонскиот стручњак Дарко Радуловиќ, води со 2-0 во четвртфиналето на плејофот во Втората лига на Полска во серијата со Ланцут.
Откако вчера славеше со 94-81, денеска Старогард Гдањски во драматичен натпревар победи со 91-90. Мечот го одбележаа големите пресврти бидејќи Старогард Гдањски беше во негатива во најголемиот дел од првото полувреме, а на голем одмор сепак замина со +7 (51-44). Уште подраматично беше во последниот период, Ланцут водеше со 87-79 на неколку минути пред крајот, но Старогард Гдањски сепак се надмина себеси и дојде до голема победа која му ја отвора вратата кон полуфиналето и кон пласманот во елитната дивизија.
Третиот меч од серијата се игра на теренот на Ланцут и ако Старогард Гдањски победи, ќе се пласира во полуфиналето.


