Турскиот прволигаш Тофаш оствари уште една сензационална победа во турското првенство откако попладнево на домашен терен го совлада Анадолу Ефес со 86-79.
Тоа е и вториот турски претставник во Евролигата кој загуби од македонскиот стручњак Емил Рајковиќ оваа сезона. Во првото коло, нашиот тренер кој е на клупата на Тофаш го победи и актуелниот европски шампион Фенербахче.
Победникот на денешниот натпревар беше решен во последната четвртина која Тофаш ја доби со 86-79. Претходно се играше мошне израмнето, на голем одмор се замина со 47-47, а Ефес беше во водство во најголемиот дел од натпреварот. Највисоката предност изнесуваше девет поени, во втората четвртина, но Тофаш да се врати и во драматичниот финиш да дојде до победата.
Со оваа победа Тофаш се проби на шестата позиција на табелата со биланс 5/4, но интересно е тоа што сите пе победи ги оствари на домашен терен.


