Турскиот прволигаш Тофаш, предводен од Емил Рајковиќ го победи израелскиот Херцлија во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
На неутрален терен, во Самоков, Тофаш славеше со 90-86, пред се благодарение на одличната игра во последната четвртина во која влезе со висока негатива. Израелците водеа со 12 разлика по 30 минути игра (75-63), но финалниот период турскиот тим го доби со 27-11 и на тој начин дојде до првиот триумф.
Во второто коло, идната недела Тофаш му гостува на италијанскиот тим Трапани, предводен од Јасмин Репеша.


