Турскиот прволигаш Тофаш славеше во „мајсторката“ со Шоле и обезбеди пласман меѓу 16. најдобри во Лигата на шампионите на ФИБА.
Тимот од Бурса триумфираше со 84-82 и со вкупни 2-1 се пласира во следната фаза од континенталното натпреварување. Мечот имаше интересен тек, а уште поинтересен и неизвесен финиш. Тофаш водеше со 16 разлика во третата четвртина и со 11 во последната, но Шоле се доближи на само два негатива во финишот.
Домаќините потоа поведоа со 84-79 за во следниот напад, на пет секунди пред крајот, кошаркар на Шоле да погоди тројка од центар и да ја врати неизвесноста. Домаќините потоа не успеаја да изведат од страна, гостите ја украдоа топката, се обидоа со тројка од голема далечина да погодат, но шутот беше непрецизен.
Во следната фаза Тофаш ќе има исклучително тешка група во која се поранешниот евролигаш Алба, амбициозниот грчки тим АЕК и уште тим од нашиот јужен сосед Кардицас.


