Екипата на Лос Анџелес Лејкерс ноќеска славеше лесна и убедлива победа против Атланта (136-105), а натпреварот, меѓу другото, го одбележа Дианџело Расел.
Кошаркарот кој лани се врати во тимот откако замина оттаму во 2017 година, постигна шест тројки во дуелот со Хоукс со што го помина Коби Брајант по бројот на реализирани тројки во една сезона. Најдобрата кампања на Коби беше 2005/06 кога постигна 180, а Расел со синоќешните шест стигна до бројката од 183 со што се израмни на првото место со Ник ван Ексел. Веројатно веќе на следниот натпревар тој ќе го собори рекордот и ќе избие сам на челната позиција.

Сезонава Расел шутира со 42,4% успешност за тројка што е негов најдобар ефект во кариерата.


