Минесота Тимбервулфс намали на 1-2 во финалето на Западната конференција откако ноќеска на домашен терен ја прегази Оклахома со 42 поена разлика (143-101).
Конечниот резултат е големо изненадување, не само поради фаворитската улога на Тандер, туку и поради фактот што првите два меча Оклахома ги доби релативно лесно и убедливо. Сепак, ова беше сосема друга слика на двете екипи, Минесота одигра еден од најдобрите натпревари сезонава и го покажа сиот свој потенцијал имајќи предвид дека ова не е првпат во овој плејоф да постигне над 140 поени.
Уште по првата четвртина предноста изнесуваше 20 разлика (34-14), а веќе на полувреме се беше решено бидејќи резултатот беше 72-41. Вториот дел остана само формалност, а со оглед на тоа што се беше решено, главните играчи на двете екипи имаа можност да одморат, па никој не одигра повеќе од 30 минути.
Ентони Едвардс конечно го извади најдоброто од себе, постигна 30 поени, 9 скока и 6 асистенции со шут од игра 12/17, Рендл додаде 24 поени, а Шенон 15. Тотално потфрли Шеј Гилџес Александер кој го одигра најлошиот натпревар во годинашниот плејоф. Постигна само 14 поени, а досегашниот најслаб ефект му беше во првиот меч против Мемфис кога реализира 15 поени, но тогаш на терен помина едвај 23 минути затоа што Оклахома дојде до убедлив триумф. Неговиот +/- ефект на овој меч изнесуваше -32, додека на Рендл беше +38.
И четвртиот натпревар ќе се игра на теренот на Минесота која ќе има можност да го израмни резултатот во серијата.


