Екипата на Минесота Тимбервулфс поведе со 3-0 во серијата против Феникс откако ноќеска славеше на првото гостување кај Санс со 126-109 и ѝ недостасува еден триумф за пласман во полуфиналето на Западната конференција.
Со тоа, тимот од Минеаполис покажа дека резултатите од основниот дел од сезоната не биле случајност и дека се работи за состав кој е способен за големи работи. Ако триумфира во следниот меч во Феникс, Минесота ќе го „исчисти“ својот ривал што ќе биде огромен успех за овој тим.
Во текот на синоќешниот меч Санс ниеднаш не се најдоа во водство, резултатот неколку пати беше израмнет и тоа во првото полувреме, но Минесота не дозволи противникот да поведе. Прашањето околу победникот беше решено во третата четвртина во која Вулфс отидоа на +22, во последниот квартал имаа и 24 поени предност и до крајот не дозволи ниту најмала неизвесност околу победникот.

Ентони Едвардс беше убедливо најдобар играч во гостинскиот тим, постигна 36 поени, 9 скока и 5 асистенции, а Гобер и Таунс остварија дабл-дабл. Бредли Бил заврши како прв стрелец на Феникс со 28 поени, Дурант додаде 25, а Букер 23, но недоволно барем да се загрози победата на гостинскиот тим.
РЕЗУЛТАТИ
Индијана – Милвоки 121-118
Далас – ЛА Клиперс 101-90
Феникс – Минесота 109-126


