ЦСКА го доживеа четвртиот пораз во низа откако синоќа загуби од Уникс во дербито на врвот на ВТБ лигата.
Тренерот Емил Рајковиќ како главен фактор за конечниот резултат го посочи својот сонародник Ненад Димитријевиќ кој го одигра својот најдобар натпревар во кариерата. постигнувајќи 38 поени и индекс 48.
„Честитки за Уникс, а особено за Димитријевиќ кој беше незапирлив. Се обидовме со повеќе типови одбрана, пробавме и да го удвоиме, но секогаш наоѓаше начин да се извлече и да игра ‘еден на еден’. Имавме контрола на натпреварот во одредени период, но во клучните моменти, Уникс, а особено Димитријевиќ играа подобро“, истакна Рајковиќ.
Уникс сега е осамен на првото место на табелата во ВТБ лигата и се наоѓа во серија од седум победи.


