Американскиот кошаркари Чума Океке од денеска официјално е нов член на Реал Мадрид каде доаѓа по пет сезони поминатти во НБА лигата.
Избран е во 2019 година од Орландо Меџик како 16. пик на драфтот, но професионалната кариера ја почна една сезона подоцна, поради повреда на Ахиловата тетива за време на завршниот дел од НЦАА. Првите четири години ги помина во Орландо со тоа што една сезона имаше двонасочен договор со филијалата на овој тим.
Минатото лето замина во Њујорк Никс, но не доби шанса во овој тим, туку беше испратен во филијалата Вестчестер. Во февруари доби десетдневен договор со Филаделфија, а во април потпиша со Кливленд, но сите тие проблеми придонесоа минатата сезона да одигра само 12 натпревари од кои девет во основниот дел и три во плејофот.
Океке е четврто засилување за Реал ова лето по Тео Маледон, Давид Крамер и Габриеле Прочида, а екипата ќе има и нов тренер, во Серџо Скариоло.


