Во мечот за титулата од Евролигата, утре ќе се сретнат екипите на Реал и Панатинаикос, екипи кои ги освоија првите две места и во основниот дел од сезоната од елитното натпреварување.
За Реал ова ќе биде 21., а за ПАО осмо финале во историјата со тоа што шпанскиот клуб ќе се бори за 12., а грчкиот за седмата титула во историјата. Интересно е тоа што во досегашните 27 финални настапи на двете екипи, Реал и Панатинаикос никогаш не играле еден против друг. Утре во Берлин првпат ќе се соочат во меч за пехарот од Евролигата и тоа ќе биде историски момент во европската кошарка.
Реал има 20 настапи во финале и девет порази во низа, последниот пред две години од Анадолу Ефес. Ова ќе биде трет финален меч по ред за „кралскиот клуб’ кој во Белград загуби од Ефес, но лани го победи Олимпијакос.
Грчки клубови немаше во финалните натпревари од Евролигата (и поранешниот Куп на европски шампиони) до 1994 година, прв таму се најде Олимпијакос кој таа година загуби од Хувентут на Жељко Обрадовиќ. Својата прва титула Панатинаикос ја освои три години подоцна, во контроверзното финале против Барселона, а оттогаш седум пати играше во завршниот дуел и претрпе само еден пораз – од Макаби во 2001 година.


