Најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид синоќа обезбеди пласман на завршниот турнир од Евролигата откако по трет пат во серијата го победи дебитантот Хапоел Тел Авив.
Тоа ќе биде 11. учество на Ф4 за шпанскиот тим во последните 15 години со што е најуспешен од сите учесници во елитното натпреварување. Зад него се Олимпијакос и ЦСКА со по девет и Фенербахче со седум (осум, ако успее да го победи Жалгирис во четвртфиналната серија).
Во истиот период, Реал е и најтрофеен тим во Евролигата со три трофеи, освоени во 2015, 2018 и 2023 година. По две имаат Панатинаикос, Олимпијакос, Анадолу Ефес, Фенербахче и ЦСКА, а една освои Макаби.
На претходните десет учествува, Реал три пати беше елиминиран во полуфиналето, загуби четири финалиња и три пати триумфираше. Единствениот меч за третото место го доби во 2019 година.


