Ако некој го обвинуваше Партизан затоа што вчера не ѝ пуштил на Звезда, што би кажал за денешниот триумф на Басконија против Реал во уште едно „национално“ дерби во Евролигата?
Мадридскиот тим имаше шанса да избие на првото место на табелата, но Басконија, која одамна нема шанси за пласман во доигрувањето, славеше на домашен терен со 98-96. Реал имаше сè во свои раце кога Кампацо погоди тројка за водство од 95-88 на помалку од 2,5 минути до крајот на натпреварот.
А, потоа Луваву-Кабаро и Коби Симонс иницираа голем пресврт за победа на баскискиот тим. На крајот одлучија погодените „пенали“ на Симонс и промашената тројка на Љуљ во последниот напад.
Тимоти Луваву-Кабаро беше одличен вечерва со 26 поени, Коби Симонс и Мамади Диаките постигнаа по 21 за Басконија, додека Факундо Кампацо постигна исто толку за тимот на Реал.


