Кошаркарите на Реал Мадрид приредија вистинска шутерска рапсодија во белградскиот „Пионир“, совладувајќи го Макаби Тел Авив со 113-99 во Евролигата. Шпанскиот гигант имаше вечер за паметење зад линијата 6,75 метри, погодувајќи 21 тројка!
Мадриѓаните играа во ритам што потсетува на најдобрите шутерски изданија на Голден стејт во НБА лигата. Тројките пристигнуваа од различни позиции, а одбраната на Макаби немаше решение за расположениот напад на противникот.
Реал ја пробиваше одбраната и со брза размена на топката и со индивидуални потези, постојано наоѓајќи слободни позиции за шут. Кога еден од кошаркарите ќе беше затворен, топката веднаш одеше до следниот соиграч, кој добиваше можност да шутира од дистанца.
На крајот, бројката од 21 погодена тројка најдобро ја отсликува офанзивната моќ на шпанскиот тим затоа што тоа беше повеќе од половина од вкупниот број поени на мадридскиот тим. Реал постигна 113 поени и го принуди Макаби да бара одговор на шутерската канонада во текот на целиот натпревар.
Реал игра во извонредна форма овие две недели и на четири од последните пет натпревари постигна над 100 поени, а на петтиот имаше 98.
РЕЗУЛТАТИ
Анадолу Ефес – Бешикташ 89-80
Баерн – Дубаи 91-107
Макаби – Реал 99-113
Панатинаикос – Басконија 85-79
Олимпија Милано – Барселона 81-89
Партизан – Црвена Звезда 85-82


