Шпанскиот првак Реал Мадрид летово остана без неколку важни играчи, дел од празнината пополни со други квалитетни кошаркари, но очигледно дека селекцијата уште не е завршена.
Марка најавува дека менаџментот и стручниот штаб ја разгледуваат можноста да донесат уште двајца кошаркари кои до минатата сезона играа во НБА, а во моментов се без договор. Станува збор за Еван Фурние и Давис Бертанс и тие многу веројатно ќе дојдат во Реал ако некој не им понуди да останат во САД.
Во комбинација е и охриѓанецот Џеди Осман, но тој засега не е реална опција бидејќи неговите финансиски барања се многу високи.


