Вторпат за неполна недела, Реал Мадрид загуби евролигашки натпревар во Белград, во претходното коло од Црвена Звезда, а вечерва од Макаби.
Звезда го растури, а Макаби го совлада со 92-91 и тоа со тројка од над осум метри, на четири секунди пред крајот на натпреварот. Поразот на Реал можеше да се насети во втората четвртина во која Макаби постигна 40 поени, но шпанскиот гигант сепак успеа да се врати во игра и да се најде пред победа.
Херој на тимот од Тел Авив беше Тамир Блат кој ја погоди решавачката тројка и му донесе победи на Макаби, втора за оваа екипа и прва над ривал кој не е од Израел. Во последните секунди Марио Хезоња се обиде да врати на спротивната страна, но не беше прецизен и не ја круниса фантастичната партија во која постигна 24 поени и беше најефикасен во својот тим.
Реал сега е со биланс 3/3 и сигурно по ова коло ќе биде во долниот дел од табелата што не е посакуван старт на сезоната за 11-кратниот европски шампион.


