Најдобриот тим во досегашниот дел од сезоната Реал Мадрид прв обезбеди пласман во плејофот од Евролигата.
Бранителот на титулата во елитното натпреварување славеше на гостувањето кај Виртус со 89-74 и на пет кола пред крајот на основниот дел од сезоната има шест победи повеќе од тимот од Болоња кој се наоѓа на седмата позиција, прва која води во плејинот. Во последните пет меча, на Реал му се потребни две победи за да го завери првото место на табелата по основниот дел.
Од останатите два натпревара од денешната програма, Баерн го победи Жалгирис со 64-58 и се израмни со Валенсија и Баерн кои се борат за десеттото место, а овие три екипи добија услуга од Асвел кој го победи Анадолу Ефес на домашен терен со 84-80.


