Актуелниот европски шампион Реал Мадрид го доживеа третиот пораз по ред во Евролигата откако вечерва загуби на домашен терен од Фенербахче со 79-89.
Тимот од Истанбул беше апсолутно подобар во целиот тек од мечот и заслужено славеше, вторпат сезонава во дуелите со Реал. Домаќините само повремено блескаа, но изгледаше дека ги чуваат силите за финишот од сезоната имајќи предвид дека освојувањето на првото место по основниот дел од сезоната е само формалност која треба многу скоро да биде потврдена.
Петмина кошаркари во составот на Фенербахче постигнаа двоцифрен број поени, а најефикасен беше Најџел Хејс Дејвис со 17. Исто толку имаше и Серхио Љуљ во поразениот тим.
Со оваа победа, Фенербахче го искористи поразот на Виртус и се искачи на шестото место во Евролигата, последно кое води директно во плејофот. Сепак, до крајот има да се одиграат уште шест кола.
РЕЗУЛТАТИ
Анадолу Ефес – Баерн 109-86
Монако – Црвена Звезда 98-80
Макаби – Жалгирис 83-76
Валенсија – Барселона 78-88
Реал – Фенербахче 79-89
Олимпијакос – Виртус 74-69


