По поразот во финалето од Суперкупот, Чус Матео најави дека Реал Мадрид ќе се обиде да се засили до почетокот на сезоната во АЦБ и Евролигата, а прв пик во моментов е кошаркарот на Уникаха Малага, Дилан Осетковски.
Во Суперкупот, Реал загуби токму од Уникаха, па со ова би можел да добие големо засилување, а во исто време да го ослабне својот ривал кој минатата сезона заврши на првото место во основниот дел од првенството на Шпанија. Осетковски би бил замена за Гершон Јабуселе, но Реал не тргнува веднаш во офанзива по неговиот потпис затоа што има еден проблем.
Крилниот играч бил позитивен на недозволени супстанци и сега се чека одлука дали ќе биде суспендиран. Се спомнува казна од два месеца што најверојатно ќе доведе до тоа Реал да се откаже од трансферот бидејќи тоа е долг период во кој нема да може да смета на евентуално новиот играч.
За Осетковски летово беше заинтересирана и Барселона, „каталонците“ беа подготвени да платат 800 илјади евра отштета, но се откажаа од истите причини.


