Првиот фаворит од квалификациската група 2 за Лигата на шампионите, Реџана не стигна ни до финалето од турнирот што се одржува во Самоков.
Италијанскиот тим, кој минатата сезона стигна до четвртфиналето на ова натпреварување, попладнево загуби од белгискиот Антверп со 78-81 и својот пат ќе го продолжи во ФИБА Европа купот. Таму ќе игра и Пелистер кој во првата рунда, во петокот, загуби токму од Реџана.
Противник на Антверп во финалето ќе биде Бурсаспор од Турција која денеска го прегази ПАОК со 92-73.


