Големите играчки промени што ги направи Кожув во паузата кон крајот на февруари даваат резултат бидејќи во првите два меча оттогаш, екипата оствари две убедливи победи.
Минатиот викенд славеше на гости кај Вардар, а вечерва ја растури Академија ФМП со 88-60 и си ги продолжи надежите за опстанок, но и за пласман во плејофот. Гевгеличани одиграа еден од своите најдобри натпревари сезонава и впечаток е дека, ако го имаа овој состав порано, ќе беа многу погоре на табелата.
Денешната победа беше остварена благодарение на подобрата игра во второто полувреме кое Кожув го доби со 41-20. И во првите 20 минути доминираше, но Академија ФМП имаше сили да се одржи во игра и на голем одмор да замине со достижна негатива. Со неколку помали серии Кожув отиде на +20, па во вториот дел победата на поранешниот вицешампион воопшто не беше доведена во прашање.
Странските кошаркари кои дојдоа во тимот последниот месец го предводеа Кожув на овој меч. Марковиќ постигна 20 поени, Вујадиновиќ додаде 16, а двоцифрени беа и Пен и Милер. Пајиќ и Петровски со по 12 поени го предводеа гостинскиот тим. За Кожув, по се изгледа клучен ќе биде дуелот против Гостивар во 21. коло на кој ќе игра како гостин, а кој директно ќе одлучува за осмото место на табелата.


