И покрај тоа што не постои веќе 35 години, репрезентацијата на СССР се уште е најуспешна во историјата на европските првенства.
Остануваат запишани 14 титули, шест повеќе од Југославија (СФР и СР) и вкупно 21 медал на континенталните натпреварувања кои, поради поместувањето на овие шампионати од две на четири години, сигурно нема да бидат достигнати уште долго време. Голем придонес за доминацијата на СССР има славниот стручњак од оваа земја Александер Гомељски.
И 37 години по неговото повлекување од функцијата, тој е најтрофеен селектор во историјата на европските првенства со шест титули, сите освоени како предводник на СССР, во 1963, 1965, 1967, 1969, 1979 и 1981 година. Има и уште два сребрени (1977 и 1987 година) и еден брозен медал (1983 година).
Второто место во овој сегмент го делат неговиот претходник, Степан Спандарјан и италијанскиот стручњак Серџо Скариоло кои со СССР, односно Шпанија освоија по четири титули. Душан Ивковиќ има три, а Мирко Новосел и Светислав Пешиќ по две.
На претстојното Европско првенство Скариоло ќе се обиде да избие сам на второто место, а Светислав Пешиќ да се израмни со Ивковиќ.


