Репрезентацијата на Чешка во своите редови има еден од најдобрите плејмејкери во Европа и на него ќе се потпре и на претстојниот Еуробаскет.
Станува збор за Томаш Саторански кој повторно ќе биде еден од лидерите во чешкиот тим, а ќе се обиде да го подобри рекордот на шампионатите кој е во негова сопственост. Станува збор за рекорд по бројот на асистенции на еден натпревар кој изнесува 17 и е поставен на претстојното првенство, одржано во 2022 година.
До оваа бројка, Саторански стигна во осминафиналниот меч против Грција кој, интересно, Чесите го загубија со 88-94. Куриозитет е тоа што искусниот плејмејкер на тој натпревар постигна само три поени, но оствари осум скока и 17 асистенции.
И вториот најдобар ефект на европските првенства, кога станува збор за асистенции го има Томап Саторански. Тој датира од Еуробаскетот во 2015 година кога против Литванија оствари 15 додавања.


