Првпат во историјата, Македонија ќе има дури шестмина судии во регионалните АБА и АБА 2 лига што е епилог на неодамнешниот штрајк на арбитрите кои досега учествуваа во овие натпреварувања.
На листата што ја објави АБА се наоѓааат: Владимир Михајловиќ, Боро Антовски, Игор Темелков, Марио Маџоски, Петар Петровски и Стефан Ристовски, кои во новата сезона ќе имаат можност да ја претставуваат Македонија на натпреварите во АБА-лигата.
Шесте македонски имиња претставуваат значајно присуство на македонското судење во едно од најквалитетните регионални кошаркарски натпреварувања.
За супервизор во АБА лигите повторно е избран Комесарот за натпреварување во Кошаркарската федерација на Македонија, Алекандар Милојевиќ.


