Македонската кошаркарска репрезентација денеска го одржа единствениот тренинг пред утрешниот меч против Азербејџан во Баку.

По долгиот пат, играчите и стручниот штаб имаа време за одмор и денеска го почувствуваа паркетот во Спортската палата во азербејџанската престолнина.

Атмосферата во тимот е одлична и сите веруваат во успех на утрешниот меч кој почнува во 17 часот.


