Екипата на Гостивар го комплетира квартетот странци за новата сезона откако денеска постигна договор со Џонатан Комагум.
Станува збор за игра кој треба да ја покрие центарската позиција, има 26 години, а иако е роден во Лондон и има британско државјанство, настапува за репрезентацијата на Уганда за која настапувал во квалификациите за Светското првенство. Од 2018 до 2022 година играл во НЦАА, во екипите на универзитетите Вилистон Стејт, Толето, Сакраменто Стејт и Лујзијана, потоа бил член на Лондон Лајонс во првата професионална сезона, а лани играл во првенството на Индонезија.
Пред Комагум, Гостивар од странските кошаркари ги донесе Младен Грушановиќ, Ксавиер Роудс и Крис Сили, а се договори и со поранешниот репрезентативец на Македонија, Дарко Соколов.


