Само еден ден откако играчите и стручниот штаб на Работнички се заканија дека нема да излезат на терен во дуелот со Еуро Никел поради неисплатени плати, решени се сите проблеми и несогласувања во клубот.
Управата на клубот ги покри сите долгувања кон засегнатите и кошаркарите се вратија на тренинзи откако претходните денови, од почетокот на оваа недела, екипата тренираше во преполовен состав. Атмосферата во тимот е позитивна и сите се во очекување на исклучително важните десетина дена.
В недела Работнички го очекува тешко гостување кај Еуро Никел кој до вчера беше лидер на табелата, а идниот четврток во Битола почнува завршниот турнир од Купот на Македонија на кој тимот од Градски парк ќе настапи со највисоки амбиции.


