И покрај убедливиот триумф на Грција против Словенија во полуфиналето од олимписките квалификации, Лука Дончиќ и Василис Спанулис уште еднаш покажаа колку се почитуваат.
Дончиќ никогаш не криел дека Спанулис бил негов идол од детството и дека поради него го избрал бројот 7 во Реал и порано во словенечката репрезентација за потоа да го смени во 77 затоа што „седумката“ во Далас беше зафатена кога тој дојде таму. Времињата се сменија, сега Дончиќ е суперѕвезда и еден од идолите на синот на Спанулис.
Поради тоа, грчкиот селектор по натпреварот влегол во соблекувалната на Словенците и од Дончиќ побарал потпишани патики за својот син. Желбата, како што тврдат од таборот на грчката репрезентација, била исполнета без никаков проблем.


