Хрватскиот интернационалец Роберт Рикиќ во новата сезона нема да го носи дресот на Работнички со оглед на тоа што неговиот договор истече со завршувањето на последната натпреварувачка кампања.
Сепак, од есен тој повторно ќе работи под водство на македонски тренер бидејќи денеска потпиша договор со косовскиот прволигаш Башкими чиј шеф на стручниот штаб е Дарко Радуловиќ. Двајцата соработуваа и во тимот на МЗТ Скопје во сезоната 2021/22 која Радуловиќ не ја доврши, а тимот од Аеродром ја освои шампионската титула. Токму Радуловиќ и го донесе Рикиќ во екипата на МЗТ Скопје.
Покрај Радуловиќ, во Башкими е и македонскиот репрезентативец Лејсон Зеќири кој минатата сезона беше еден од подобрите во тимот.


