Екипата на Рилски спортист стана 11. шампион во бугарското кошаркарско првенство откако во финалната серија беше подобра од бранителот на титулата Балкан со 3-1.
Решавачкиот поен во финалето, Рилски го освои вечерва, по триумфот со 81-69 на гостински терен, во Ботевград. Ова е прва титула за екипата од Самоков која им се придружи на Академик, Левски, ЦСКА, Балкан, Локомотив, Спартак Софија, Славија, Черно Море, Спартак Плевен и Јамбол кои во минатото го освојуваа шампионскиот трофеј во бугарското првенство. Интересно е тоа што во финалето се бореа екипи чиј тренер во минатото беше македонскиот стручњак Александар Тодоров кој со Рилски во 2009 година ја освои титулата во БИБЛ лигата. Член на шампионскиот тим е поранешниот играч на Работнички, Чавдар Костов.
За најкорисен играч во финалната серија беше прогласен кошаркарот на Рилски спортист, Алан Арнет.


