Репрезентацијата на Романија го доживеа вториот пораз на подготовките во пресрет на претквалификациите за Светското првенство.
По неуспехот во саботата, оваа селекција денеска повторно загуби од Бугарија во Русе, но сега далеку поубедливо, со 80-91. Домаќинот постојано ја имаше контролата над резултатот, по третата четвртина водеше со 77-63 и во последните десет минути успеа да сочува голем дел од предноста.
Драгош Дикулеску со 17 поени беше најефикасен во романската репрезентација, но се уште не се знае со кој натурализиран кошаркар ќе настапи оваа селекција во претквалификациите. По ова, Романците се враќаат дома каде ќе ги продолжат подготовките пред стартот на претквалификациите и првиот меч кој на 2 август се игра во Куманово.


