Иако е најдобар играч оваа сезона според статистичките параметри, Никола Јокиќ нема по четврти пат да биде МВП во НБА лигата.
Така смета рускиот кошаркарски аналитичар Андреј Атсон кој наведува три фактори што ќе го спречат Србинот да дојде до уште едно големо признание.
„Точно дека Јокиќ е одличен на паркетот, но исто така е факт дека Нагетс станаа просечна екипа. Во моментов се петти на Западот и без голем трејд во следниот период, ќе им биде тешко да станат кандидат за титула.
Вториот фактор е тоа што евентуална награда за Јокиќ би била здодевна за пошироката јавност биде неа ја интересираат нови лица. Тој замор веќе одигра улога пред две години кога Ембид стана МВП иако Јокиќ беше супериорен.
Трето, ако Јокиќ освои четврта МВП титула, ќе им се придружи на некои од најдобрите играчи во историјата со четири или повеќе вакви награди. Многумина, едноставно, не се подготвени да го видат Србинот во исто друштво како овие легенди. Исто така, Јокиќ не е глобално маркетиншко лице, неговиот животен стил и опуштениот пристап не се вклопуваат во вообичаените слики на суперѕвездите“, објаснува Атсон.
Во моментов Јокиќ е втор стрелец во НБА со 30,7 поени, трет скокач со 12,6 поени и три асистент со 9,4 додавања по натпревар. Овие бројки се подобри од оние од минатата сезона кога Србинот не беше при врвот во ниедна од статистичките категории.


