Неделава во Перм се одржува кошаркарскиот турнир „Куп на пријателство“, но оттаму стигнуваат скандалозни информации.
Еден од учесниците, според организаторот, била репрезентацијата на Колумбија, но по првите два меча било утврдено дека ситуацијата не е како што се чини и било планирано. Во својот прв натпревар, таканаречаната репрезентација на Колумбија од Парма Перм со 102 поени разлика (53-155), а во вториот меч од Венецуела со 57-108. Откако во Колумбија дознале за овие резултати, испратиле демант дека станува збор за репрезентацијата на оваа земја и дека никој оттаму не контактирал со руските официјални лица.
„Кошаркарската федерација на Колумбија ја информира јавноста дека не е пристигната покана од Русија и дека таму не е испратена репрезентацијата. Во следниот период ќе ги преземеме сите мерки за нелегално користење на логото и опремата“, пишува во соопштението од Федерацијата на Колумбија.
Утврдено е дека во Перм заминала група кошаркарски аматери за што подоцна станал свесен и претседател на Кошаркарскиот сојуз на Русија, Андреј Кирилено. Тој, сепак, тврди дека целата комуникација била преку Федерацијата на Колумбија.
„По првиот натпревар, сфативме дека овој тим на Колумбија е далеку од квалитетот кој би требало да го поседува. Поради тоа ја модифициравме програмата и форматот за се да помине во најдобар ред“, изјави Кириленко.
Во колумбискиот тим кој игра(л) во Перм има само еден играч кој професионално се занимава со кошарка и тоа Давид Бланко, но тој настапувал пред две години во тимот Кондорс, а во последно време настапува во 3х3, заедно со Муњос. Останатите играчи се членови на аматерски екипи и не живеат од кошарката, а Луис Пара е инженер кој првпат во животот заиграл на официјален натпревар. Тимот го предводел 72-годишниот Гиљермо Морено кој порано работел како професионален тренер.


