Американската репрезентација се соочува со големи проблеми пред воведниот меч од Олимписките игри, против Србија кој се игра утре од 17:15 часот.
Покрај Кевин Дурант чија здравствена состојба се уште е енигма, неизвесен е настапот и на Жоел Ембид и Ентони Дејвис. Селекторот Стив Кер објави дека Ембид денеска не тренирал поради болест, додека Дејвис од истите причини ги пропуштил последните неколку тренинзи.
На социјалните мрежи веднаш почна сеир на сметка на Ембид кој неколку сезони избегнува дуели со Никола Јокиќ на клупско ниво, па го обвинија дека повторно ја користи истата тактика како во НБА. Сепак, Кер уверува дека сите ќе бидат подготвени за утрешниот дуел кој е мошне важен за натамошниот дел од Олимписките игри.
САД и Србија се сретнаа на подготовките и Американците тогаш славеа со 105-79, но во српската репрезентација беше некомплетна бидејќи не настапија Богдан Богдановиќ и Никола Милутинов.


