Еден од најдобрите светски тенисери во моментов Лука Дончиќ ја изрази својата желба да ја заврши кариерата во Реал Мадрид.
Тој таму и почна, во 2015 година, како 16-годишник и остави длабока трага бидејќи како тинејџер ги освои сите можни награди, вклучувајќи ја Евролигата каде беше прогласен и за МВП. Од 2018 е во НБА, 6,5 години помина во тимот на Далас Маверикс, а последната полусезона играше за Лос Анџелес Лејкерс каде во иднина многу веројатно ќе биде прва ѕвезда. Без оглед на тоа, Дончиќ е сигурен дека сака кариерата да ја заврши во тимот на Реал.
„Без сомнение сакам да завршам таму. Тие ме одгледаа“, изјави Дончиќ, на задоволство на армијата навивачи на мадридскиот клуб.
Тоа секако нема да се случи во следната деценија бидејќи Словенецот има само 26 години и допрва му претстои најдобриот период во кариерата. Ако ја оствари својата желба, ќе го повтори патот на Пау Гасол кој почна и заврши во Барселона и тоа со шампионски титули во шпанското првенство.

