По три години пауза, Работнички се врати во АБА 2, но експресно ќе го заврши својот настап во регионалното натпреварување бидејќи веќе ги загуби шансите за пласман во следната фаза.
Одиграни се само четири кола во кои најтрофејниот македонски клуб нема ниедна победа, а доживеа четири убедливи порази, сите со двоцифрена разлика. По дуелот против Босна, тренерот Горан Самарџиев не е незадоволен од резултатите бидејќи целите на Работнички за оваа сезона се други.
„Би сакал да му заблагодарам на домаќинот, беше убаво да се игра во Сараево по толку долго време. Јас сум помлад, но Работнички доаѓа тука по пауза од 25 години. На Босна ѝ ја посакувам цела среќа во борбата за пласман во АБА 1, а на нас е да извлечеме поуки од овој натпревар. Имаме млад тим кој не е искусен и беше физички инфериорен во однос на домаќинот. Одиме понатаму, наш главен фокус останува домашното првенство“, изјави Самарџиев.
А, во домашното првенство Работнички по пет кола е на делба на втората позиција со биланс од четири победи и еден пораз.


