Работнички вечер гостува на Војводина, во второто коло од АБА 2 лигата во меч во кој домаќинот е апсолутен фаворит за победата.
Нашиот тим е со редуциран ростер поради заминувањето на двајца и повреда на еден играч, но и со нив, прашање е дали би можел да ѝ пружи посилен отпор на Војводина која е можеби најсериозен кандидат за титулата во регионалното натпреварување. Со оглед на целокупната ситуација, резултатот на овој меч ќе биде во втор план, Работнички ќе се обиде да ја крене формата пред претстојниот дуел со Шкупи, во второто коло од домашното првенство.
„Играме против еден од најголемите фаворити за пласман во АБА лигата. Ќе мораме максимално да го испочитуваме договорот ако сакаме добар резултат против Војводина. И покрај проблемите со кои се соочуваме, ќе дадеме се од себе и ќе се обидеме да уживаме на овој натпревар“, рече тренерот Горан Самарџиев.
Работнички на денешниот натпревар ќе биде без плејмејкерот Михаило Јовичиќ што значи дека единствен организатор на играта е 19-годишниот Андреј Шошкиќ. Натпреварот во Нови Сад се игра од 18 часот.


