Екипата на Раховеци, предводена од македонскиот стручњак Горан Самарџиев, направи изненадување во косовското првенство откако го совлада поранешниот шампион Ули со 75-69.
Иако остана на последното место на табелата, како последица на резултатите со претходниот тренер, ова е втора победа во последните три кола. Неодамна Раховеци донесе неколку засилувања во своите редови и тоа се гледаа во резултатите.
Ули е поранешен шампион на Косово и во моментов најскап клуб во косовското првенство, со буџет од 1,24 милиони евра годишно. Повеќе пари од него има само Кошаркарската федерација на Косово, но изгледа дека нешто не чини во клубот бидејќи поразот од Раховеци беше четврти во низа за овој тим.
Борбата за опстанок на Раховеци продолжува, но сега е на само еден бод од својот последен противник, како и од Велазними кого неодамна го победи.


