Македонскиот стручњак Горан Самарџиев и во новата сезона ќе биде на клупата на косовскиот прволигаш Раховеци, кого го водеше претходните шест месеци.
Задоволни од работата на кавадарчанецот, членовите на управата одлучија да ја продолжат соработката на уште една година. Самарџиев ја оствари целта со Раховеци, обезбеди опстанок во елитата и ја доби заслужената награда за тој успех.
Раховеци го освои седмото место, со ист број бодови како Приштина и Велазними што беше доволно за да обезбеди пласман во Суперлигата и за идната сезона. Успехот добива дополнително на значење ако се знае дека клубот од Ораховац има најмал буџет во косовската елитна дивизија.


