Сениорската репрезентација на Македонија вечерва од 18:30 часот го игра натпреварот од четвртото коло во квалификациите за Европското првенсгво во 2025 година.
Како и пред три дена, противник е Литванија која во четвртокот во Скопје триумфираше со 82-67. За разлика од тој натпревар, сега во составот ќе го имаме најдобриот македонски кошаркар во моментов Ненад Димитријевиќ и со него ќе се обидеме да направиме сензација која би ја оставила Македонија во надеж дека може, по една деценија да се врати на континенталните шампионати.
За разлика од натпреварот во четвртокот, во тимот нема да биде Кристијан Николов, но тоа нема ништо да смени во составот бидејќи Димитријевиќ игра на истата позиција. Николов беше најдобар играч на македонската репрезентација на натпреварот во Скопје и штета е што ќе го нема вечерва бидејќи со него селекторот Јончевски ќе имаше повеќе опции на надворешните позиции.
Денешниот натпревар има и друго значење за македонската репрезентација. Само победа против Литванија ќе го остави нашиот национален тим во игра за победа бидејќи Естонија е фаворит против Полска на домашен терен. Со наш пораз и триумф на Естонците, Македонија официјално ќе се збогува со надежите за пласман на Европското првенство. Полјаците како ко-домаќини имаат загарантиран настап на шампионатот, додека ние повеќе не би имале шанси да ги стигнеме Естонија и Литванија, па последните две кола од квалификациите нема да имаат никакво резултатско значење.
4. КОЛО – ДВОЈКИ
Естонија – Полска 17:00
Литванија – Македонија 18:30


