Драматичниот пораз од 104-105 од Њујорк Никс во вториот натпревар од финалето на НБА го стави Сан Антонио Спарс во исклучително неповолна позиција.
Работите можеби не се целосно неповратни, но Спарс сега мора да постигнат нешто историско и невидено во НБА за да ја освојат титулата. Историјата на лигата покажува дека ниту еден тим не успеал да стане шампион откако доживеал два пораза на домашен терен за 0-2 во финалната серија од плејофот.
Само пет тима направиле пресврт во финалната серија од 0-2, но без да ги загубат двата домашни натпревари на почетокот.
Само два тима си дозволиле да ги загубат двата домашни натпревари на почетокот од серијата. На Финикс Санс му се случи тоа во 1993 година и загуби во шест натпревари од Чикаго Булс на Мајкл Џордан. Две години подоцна, истото му се случи и на Орландо Меџик кој загуби со 0-4 од Хјустон Рокетс.


