Српскиот шампионПартизан доживеа вистински дебакл во Каунас откако беше поразен од Жалгирис со 41 поен разлика.
Извесно станува дека Партизан со ваква игра и ваков состав не може да се пласира во плејофот, а навивачите се најмногу револтирани од однесувањето на кошаркарите. Јавна тајна е дека беа незадоволни од однесувањето на Жељко Обрадовиќ кој, наводно, многу викал на нив, па затоа сега кошаркарите трпат критики.
Ali da se podsetimo da je najvažnije šta -> da niko ne viče na nežne dušice u KKP🕺🙌🏻
— Marija (@egobobica) December 19, 2025
На социјалните мрежи вечерва има еден куп навреди за кошаркарите кои, според навивачите, не се достојни да го носат дресот на Партизан. Една од симпатизерите на белградскиот клуб дури се шегува со нив и иронично напиша дека се е во ред додека не им викаат на „нежните душички“.


