Сензационалното издание на Ненад Димитријевиќ против Реал Мадрид е една од главните теми од синоќешните натпревари во Евролигата.
Македонскиот репрезентативец постигна 22 поена и беше најефикасен на мечот против актуелниот европски вицешампион и еден од најдобрите тимови на континентот. Со тоа, Димитријевиќ стана вториот најмлад македонски кошаркар кој ја минал границата од 20 поени на еден евролигашки натпревар.
Нему тоа му успеа со 26 години и 258 дена, а помлад од него со таков ефект бил само Владо Илиевски, со 22 години и 327 дена. Зад Димитријевиќ се Врбица Стефанов со 26 години и 353 дена, Перо Антиќ со 29 години и 146 дена и Душан Боцевски со 31 година.


