Новиот кошаркарски шампион на Македонија во женска конкуренција Крива Паланка има голема можност да го продолжи својот развој и идната сезона да се натпреварува со најдобрите клубови од регионот.
Екипата од крајниот исток на Македонија доби покана за настап во елитната дивизија на ВАБА што би бил напредок во однос на оваа сезона во која учествуваше во ВАБА 2. Поканата е испратена на адреса на раководството на клубот кое во следниот период ќе ја разгледа, ќе ги анализира сите можности што таа ги отвора и ќе донесе одлука дали ќе ја прифати. За настап во ова друштво поголем е многу буџет, ростер со 13-15 кошаркари од земјава и странство, но тоа сигурно ќе отвори и можности за продолжување на доминацијата во домашната кошарка.
Евентуалното учество на Крива Паланка во ВАБА лигата ќе биде огромен чекор напред на амбициозниот клуб кој претходните години постепено напредуваше, за сезонава да ја достигне кулминацијата со освојувањето на шампионската титула во домашното првенство.


