Финалето на НБА лигата меѓу Сан Антонио Спарс и Њујорк Никс привлече големо медиумско внимание, невидено досега во 21. век.
Гледаноста драстично се зголеми како што одминуваше серијата, а Никс моментално имаат водство од 3-1. Анкетата на Нилсен потврдува дека натпреварите во финалето имале просек од 19,6 милиони гледачи. Вакви бројки што не се видени уште од финалето во 1998 година помеѓу Чикаго Булс и Јута Џез. Дури и овој податок треба да се земе со резерва бидејќи на многу локации низ Њујорк и околината, натпреварите се гледаат групно, на големи екрани.
Њујорк е на еден чекор од шампионска титула на која чека 53 години, а вечерва ќе има можност да го освои трофејот „Лари О’Брајан“ на паркетот на Сан Антонио.


